home

Продажни акции

Продажните акции се еден од најбрзите начини за унапредување на продажбата и зголемување на пазарниот удел. Целта на организирање и спроведување е да се активираат потенцијално новите корисници на Фруктал производите преку можноста да ги купат производите по подостапни цени, да се наградат традиционално лојалните потрошувачи, повторно да се придобијат поранешните потрошувачи и да се зголеми фрекфенцијата на купување.

Во Фруктал Мак продажни акции најчесто организираме при воведување на нова линија производи или нов производ на пазарот со цел да се овозможи на што поголем број на потрошувачи да ги пробаат истите, при намалување на обемот на продажба и за време на празници.

Најчесто ги организираме следните видови продажни акции:

  • Намалување на цената на одреден производ или група производи
  • Врзана акција
  • Мултипак акција (2+1, 3+1, 5+1)
  • Акција со подарок (чаша)
  • Наградни игри


Rotate left
Rotate right

Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved