home

За нас

Фруктал е иновативна компанија со препознатлив имиџ, што е во согласност со мисија на компанијата и нејзините брендови. Основни вредности на Фруцтал се квалитетот и позитивниот однос кон природата.

Основна дејност на компанијата Фруктал Мак а.д. Скопје е производство на високо квалитетни овошни сокови, нектари и пијалаци изработени без конзерванси притоа користејќи го најдоброто и најсочното овошје кое зрее во земјата на сонцето - Македонија, споено со знаењето и технологијата на стручњаците на Фруцтал.

Фабриката Фруктал Мак а.д. Скопје е лоцирана на патот кон Зелениково на 15 км од Скопје, во еколошки чиста околина. Се простира на површина од 192.000 м2 од кои голем дел се овоштарници насадени со праски, кајсии и јаболки. Денес фабриката брои 60 вработени.

Се произведуваат готови производи за домашен и странски пазар (Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора).



Rotate left
Rotate right

Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved