Унапредување на продажба
Поради се поизразената економска криза во последните неколку години која ги тера потрошувачите да реагираат позитивно на секоја заштеда на пари за време на процесот на купување, унапредувањето на продажбата е една од најчесто употребуваните инструменти од комуникацискиот микс од страна на Фруктал Мак. Целта е преку комуникација и систем на мотивација да ги поттикнеме потрошувачите на купување на одреден производ во одреден момент или краток временски период.
Во рамките на унапредување на продажбата ги користиме следните активности и алатки:
- Промоции и дегустации
- Продажни акции
- Изложување на производот
- POS материјали
- Учество на настани и саеми
Алатките и активностите од унапредување на продажбата најчесто ги комбинираме со останатите основни групи промотивни активности.