home

Производи

Доволен е зборот "ФРУКТАЛ"

Доволно е да се каже "ФРУКТАЛ ", и веднаш е јасно за какви производи се работи. Висок и стандарден квалитет, иновации, позитивен однос кон природата и производи од овошје и други плодови на природата кои ги задоволуваат потребите на потрошувачите за здрава и урамнотежена исхрана.

Немаме свежо овошје при рака, но со нашите сокови, нектари и пијалаци се обидуваме колку што е можно да им го приближиме на потрошувачите. Избраните овошја се обработуваат со  најсовремена технологија, без додавање на вештачки адитиви и бои. Производите ФРУКТАЛ се припремаат исклучиво од природни состојки и се полнат со примена на асептична технологија (не содржат конзерванси). Сите производи се усогласени со постоечката законска регулатива во државата и со нормативите на ЕУ.

Производите ФРУКТАЛ ги карактеризира:

  • богата традиција
  • висок и стандарден квалитет
  • избор на суровини по точно дефинирани спецификации
  • долгогодишна соработка со исти добавувачи
  • строго придржување до пропишани спецификации при избор на нови добавувачи
  • строго придржување до дефинираните технолошки постапки со стандардите ISO и HACCP
  • богат асортиман и широка палета на вкусови

ФРУКТАЛ производите обезбедуваат енергија и благосостојба, некои се полни со витамини и антиоксиданси, кои го забавуваат стареењето и ја инхибираат појавата на разни заболувања. Други пак се наменети за оние потрошувачи кои се грижат за своето здравје и се ориентирани кон начин на живеење во стилот ЗНАМ ДА ЖИВЕАМ.

ФРУКТАЛ со иновативни производи не само што ги следи, но, исто така, создава трендови во категоријата на сокови, нектари и пијалаци. На здравје и за здравје!

Главни разлики помеѓу сокови, нектари и пијалоци

  • Соковите имаат 100 % овошен удел, додека нектарите имаат понизок овошен удел, одреден со законска регулатива
  • Во Соковите не се додава шеќер, ниту регулатор на киселост. Затоа имаме чувство дека конзумираме сок од свежо цедено овошје
  • Кај Нектарите е дозволено додавање на шеќер и цитронска киселина заради подобрување на вкусот
  • Сите Нектари Фруцтал се обогатени со витамин Ц а некои и со комплекс од витамини
  • Пијалаците имаат најнизок овошен удел во однос на сите други, но се одлично освежување во текот на летната жега
  • Пијалаците можат да бидат од растителни екстракти и без овошје, како што се Ледените чаеви. Освежувачка состојка во нивниот состав побудува чувство на подигање. Доколку ги оладите, чувството на освежување ќе биде уште поголемо.



Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved