home

Визија, мисија и вредности

Визија

Да станеме една од трите најголеми компании по пазарен удел во Македонија, да го зголемиме извозот на пазарите во регионот, да станеме водечки преработувач на свежо овошје во Македонија и лидер во градење на стандарди за квалитет на пазарот. Сето тоа со цел да се обезбеди профитабилно работење.

Мисија

Фруктал во соработка со природата веќе со години произведува и успешно продава високо квалитетни производи од овошје и други плодови на природата.

Конкурентната предност на компанијата лежи во преработката на плодови од природата со што се овозможува производите да го сочуваат вкупното богатство на природните состојки без вештачки додатоци (конзерванси).

Фруктал со своите производи ги задоволува потребите на потрошувачите за здрава, урамнотежена исхрана и непрекинато ги осовременува нивните прехрамбени навики.

Фруктал Мак е производител на лиценцирани сокови и “скрбник” на брендот Фруктал за Југо-источен Балкан со намера да ги задоволи интересите на сопствениците, вработените, купувачите, локалната заедница и општеството во целина.

Сите главни активности на Фруктал кон целната јавност се насочени во градење на позитивен однос кон природата.

“ФРУКТАЛ - ВО СОРАБОТКА СО ПРИРОДАТА”

Основни вредности

Самата суштина на брендот Фруктал е во соработка со природата, што останува идеја водилка и за идните поколенија. И понатаму ќе се трудиме производите под брендот Фруктал да бидат свежи, природни и здрави, бидејќи сме свесни дека само најдоброто може да биде доволно добро за потрошувачите.

Вредности:

  • Висок квалитет на производите
  • Јасна мисија и визија и долгорочна стратегија
  • Конкурентност
  • Образование и обука
  • Заштита и почитување на животната средина
  • Информираност
  • Соработка
  • Брендот Фруктал
  • Задоволство на клиентите, акционерите и вработените



Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved