home

Однос со околина

Фруктал сака да биде компанија со која ќе се гордеат и локалната заедница и јавноста на пазарите каде што сме присутни.

Во Фруктал Мак континуирано ја штитиме животната средина и се стремиме кон тоа да сите процеси кои ги спроведуваме бидат еколошки и во согласност со важечките законски прописи.

Особено внимание се посветува на обезбедување на соодветни и ефекасни мерки за намалување на ризиците во управувањето со животната средина и еколошките последици. Процесите кои се поврзани со поголеми влијанија врз животната средина,  мора на задоволително ниво да им одговорат на еколошките прашања.

Посветени на континуирано подобрување

Ги поттикнуваме ефикасната потрошувачка на енергија и ефикасноста на ресурсите, намалување на штетните гасови во воздухот и почвата, го селектираме отпадот во текот на производниот процес и соодветно управуваме со истиот. Постојано ги следиме значајните еколошки аспекти за спречување на загадувањето на животната средина. При развивање на нови производи и технологии воведуваме решенија кои нудат помалку загадување на животната средина со отпад. На овој начин сме посветени кон постојано подобрување.

Во процедура е воведување на ISO 14001 (сертификат за екологија).




Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved