home

Кампањи

ПРОБУДЕТЕ ГИ СЕТИЛАТА со новите пијалаци од Фруктал!

Kampanja

Затоа што понекогаш е добро да се проба нешто ново, Фруктал ви подготви необични овошни миксови за ладните зимски денови што ќе ги пробудат сите ваши сетила. Внимателно одбраното овошје го измешавме според традиционалниот рецепт на Фруктал и добивме два нови пијалоци со хармоничен вкус, без конзерванси, вештачки бои и вештачки засладувачи. Поради содржината на овошје богато со витамини и минерали, новите пијалаци се погодни за есен и ладната зима кога имаме недостиг на енергија и витамини.

Овошната мешавина од црна рибизла, калинка, аронија и јаболко ќе ве плени со својот микс на различни вкусови. Калинката потекнува од Персија, и спаѓа помеѓу најтипичните медитерански овошни растенија. Содржи многу антиоксиданси, и во минатото луѓето дури и се поклонувале како на свето растение. Црната рибизла пак има 3-5 пати повеќе витамин Ц од лимонот и содржи еден куп минерали кои му се потребни на нашето тело. Заедно со аронијата и јаболкото кои исто така се богати со витамини и минерали создаваат пијалак кој ќе ви остави во сеќавање само задоволство и овошје во устата. На жед повеќе нема да помислите.

Пијалакот од портокал, маракуја и маслинка претставува малку поинтересна комбинација на вкусови. Дали вие мислите дека овие состојки не одат заедно? Пробајте и уверете се во спротивното

Припремете ги чашите и уживајте во чисто задоволство.


Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved