home

ФРУКТАЛ Мак АД Скопје

Т: +389 2 2785 260
Ф: +389 2 2724 254
E-mail: fructalmak@fructal.com.mk

Минерали

Минералите претставуваат неоргански елементи кои потекнуваат од почвата и водата, а се апсорбираат од растенијата или ги јадат животните. За нормално функционирање на организмот потребна е доволна количина на минерали. Постојат дваесетина различни минерали кои влегуваат во составот на нашиот организам и тие претставуваат 5% од целокупната тежина на нашиот организам. Во нашиот организам минералите постојано се обновуваат, а преку урината, столицата, потта, и другите секрети, секој ден се исфрлаат околу 30 грама минерали кои задолжително треба да се внесат со храната. Минералите се неопходни за многу метаболички процеси, генерирање на крв и во меѓусебното дејство на нервите и мускулите.





Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved