Железо
- Како составен дел на хемоглобинот кој овозможува пренесување на кислород во крвта, железото е незаменливо за човечкиот организам. Многу е важен за нормално функционирање на метаболизмот и имунолошкиот систем.
- Губење на железото постои секогаш кога постои губење на крв, а како последица се јавува анемија. Недостатокот од железо се манифестира со малаксаност, слабост, несвестица, бледило, брз умор, губење на здивот, главоболка, слаба коса и нокти, паѓање на косата, намалена отпорност кон инфекции.
- Прекумерната доза на железо е токсична за организмот и може да доведе до цироза на црниот дроб и оштетување на срцето. Се манифестира со гадење, повраќање, болки во стомакот, запек.
- Препорачана дневна количина: жени 15 mg / мажи 11 mg.
Калиум
- Многу е важен за правилна работа на срцето, за правилно функционирање на цревата и мускулите. Само со негова помош шеќерот може да биде исфрлен од крвта. Со избалансирана исхрана се внесува преку овошјето и зеленчукот.
- Недостатокот од калиум се манифестира со слабост, недостаток од енергија, грчеви во мускулите, проблеми со стомакот, неправилна работа на срцето.
- Прекумерната доза се манифестира со слабост во мускулите, забавена работа на срцето и неправилен ритам на срцето.
- Препорачана дневна количина: жени и мажи 4,700 mg.
Калциум
- Калциумот е најобемен минерал во човечкиот организам кој е од витално значење за изградба на коските и забите. Исто така е важен за мускулите и за пренесување на нервните имплуси. За негово апсорбирање во крвта неоходен е и витаминот Д. Внесувањето на потребните количини на калциум особено е важен кај децата и младите бидејќи тогаш се оформуваат коските. За постарите внесувањето на калциум е особено важно со цел да се намали губењето на коскената маса и развој на остеопороза.
- Недостатокот од калциум се манифестира со болни грчеви во мускулите, нервна раздразливост, болки во зглобовите, слабеење на коските.
- Препорачана дневна количина: до 25 години 1,000-1,200 mg, после 25 год. 800-1,000, а во период на бременост, доење и менопауза 1,200 mg.
Магнезиум
- Минерал кој е важен за сите органи, а особено за правилна работа на срцето, мускулите, бубрезите и за изградба на забите и коските. Во стресни ситуации влијае на ослободување на адреналинот и помага во реактивација на организмот, помага во намалување на главоболка и мигрена.
- Недостатокот од магнезиум се манифестира со немир, анксиозност, синдром на немирни нозе, пореметување на сонот, гадење, повраќање, неправилен ритам на срцето, конфузија, грчеви во мускулите и слабост.
- Прекумерната доза се манифестира со дијареа, жед, црвенило, депресија, губење на рефлексите, летаргија, слабост на организмот, гадење, повраќање.
- Препорачана дневна количина: жени 360 mg / мажи 410 mg.
Натриум
» Натриумот е важен електролит и е присутен во сите телесни течности, крвта, солзите и потта. Игра клучна улога во работата на ензимите и мускулната контракција и заедно со калиумот и хлорот ја одржува дистрибуцијата на течностите и pH балансот. Многу е важен за одржувањето на потребното ниво на течности во организмот, регулирањето на работата на срцето и функционирањето на нервниот систем.
» Недостатокот од натриум може да го намали високиот крвен притисок.
» Прекумерната доза се манифестира со зголемување на крвниот притисок, срцев и мозочен удар.
» Препорачана дневна количина: жени и мажи 120 mg.
Фосфор
» Втор најзастапен минерал во човечкото тело. Повеќе од 75% од фосфорот во нашето тело се наоѓа во коските и забите и како и калциумот помага да се формираат здрави коски и заби. Присутен е во секоја клеточна мембрана и затоа на секоја клетка во нашето тело и е потребен фосфор за да функционира нормално. Многу е важен за стимулирање на работата на мускулите, раст и регенерација на ткивото, пренос на нервните импулси, за производство на енергија и работа на срцето и бубрезите.
» Недостатокот од фосфор се манифестира со влошување на состојбата на коските, слаби мускули и замор.
» Препорачана дневна количина: жени и мажи 800 mg.
Манган
» Игра важна улога во правилното формирање и одржување на коските, ја поттикнува регенерацијата на рскавицата и сврзното ткиво, помага во создавање на енергија од храната, ја штити клеточната мембрана, делува како антиоксиданс и против стресот.
» Прекумерната доза не се смета за штетна.
» Недостатокот од натриум е ретка појава бидејќи преку исхраната се внесуваат доволни количества на манган.
» Препорачана дневна количина: жени и мажи од 2,5 до 5 mg.
Јод
» Јодот е меѓу првите минерали за кои е откриено дека се важни за човековото здравје. Неопходен е за нормален раст и психички развој. Со векови, се применува за лекување на гушавост - зголемување на тироидната жлезда. Многу е важен за метаболизмот на хранливите материи, работата на мускулите и нервите, состојбата на кожата, косата, забите и ноктите.
» Недостатокот од јод се манифестира со зголемување на тироидната жлезда, сува и збрчкана кожа.
» Препорачана дневна количина: жени и мажи 150 mcg.
Цинк
» Цинкот е потребен за создавањето на многу хормони и правилно функционирање на повеќе од 200 ензими во телото. Oсобено e важен за оние хормони, кои го регулираат растот на телото и машкиот хормон тестостерон. Затоа е потребно мажите да му посветат поголемо внимание на цинкот. Исто така, е важен за зајакнување на имунолошкиот и репродуктивниот систем, одржувањето на добар изглед на кожата и косата, добриот вид на очите, го контролира лачењето на лојните жлезди и помага во борбата против акните.
» Недостатокот од цинк се манифестира со нееластична кожа, стрии, појава на бели флеки на ноктите, опаѓање на косата, брчки, забавен раст кај децата, чести инфекции, бавно заздравување на раните, загуба на чувството за вкус и иритација на кожата.
» Прекумерната доза се манифестира со слабеење на имунолошкиот систем, гадење, главоболка, повраќање, недостаток на вода во телото, болки во желудникот, слаба координација на мускулите, замор и оштетување на бубрезите.
» Препорачана дневна количина: жени и мажи 15 mg.
Селен
» Селенот е антиоксиданс и во комбинација со витаминот Е ги штити клетките и ткивата од оштетувањата кои ги предизвикуваат слободните радикали (болести на срцето, циркулаторниот систем па дури и рак). Многу е важен за зајакнување на имунолошкиот систем, за функционирање на штитната жлезда и неутрализирање на некои токсични супстанции како кадмиум, жива и арсен што може да се вдишат или внесат преку исхрана.
» Прекумерната доза на селен може да предизвика развој на дијабетис. Во изразено големи количини селенот може да биде отровен. Затоа, внесувањето на поголеми количини не е препорачливо освен под медицински надзор.
» Препорачана дневна количина: жени и мажи 55 mcg.