home

Промоции и дегустации

Промоциите со дегустации се една од најкористените алатки на унапредување на продажбата на која потрошувачите најмногу се сеќаваат, бидејќи нуди екстра вредност на производот за потрошувачите (подароци, награди, намалена цена, пробување и подетални информации за производот...).

Фруктал Мак во последните неколку години во соработка со специјализирана БТЛ агенција, има организирано голем број промоции со дегустации. Најприменуван тип на промоции се промоциите кои се дел од стратегијата за лансирање и претставување на нова линија на производи или вкусови, како дополнување на рекламирањето. Целта е охрабрувањето на потрошувачите да го пробаат новиот производ и оние кои ќе го пробаат да остварат повторно купување и воспостават трајни односи на купопродажба. Друг тип на промоции се оние за информирање и потсетување на купувачите за постоечките производи од асортиманот на Фруктал, нивните предности и квалитети. А исто така, организираме и промоции по барање на самите маркети по некој повод (прослави, годишнини, отварање на нови маркети, важни посети и сл.). 

Најчесто организираме два типа на промоции со дегустации: промоции во самите маркети и надворешни промоции во Скопје и другите поголеми градови низ Републиката, како и во најпознатите туристичите места за време на летната сезона.




Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved