Учество на настани и саеми
Како дел од активностите за унапредување на продажбата насочени кон јавноста ги користиме учеството на домашни саеми, разни настани и манифестации. Основна цел е изложување и претставување на целокупниот асортиман на Фруктал пред македонската јавност, евентуално запознавање на нови партнери и склучување на нови бизниси.
Фруктал Мак заедно со другите фирми од групацијата Лашко изминатите години традиционално учествува на саемот Агрофуд 2009 и 2010, Саемот на жената 2010 со дел од асортиманот и Саемот на општините 2009 и 2011.
Исто така, Фруктал Мак како активен член на Словенечко-македонскиот бизнисклуб редовно се претставува со својот богат асортиман пред граѓаните на поголемите градови низ Републиката како дел од бизнис деновите организирани од клубот. На овие настани граѓаните имаат можност да ја дегустираат широката палета на сокови и вкусови и да добијат повеќе информации за производите на Фруктал. Досега Фруктал Мак својата широка палета на производи ја има претставено пред граѓаните на Скопје, Куманово, Битола, Струмица, Гевгелија, Охрид и Гостивар а ќе продолжи и во останатите градови.