home

Стандарди за квалитет

Квалитетот останува основната вредност на Фруктал

Во светот па и кај нас, снабдувањето на потрошувачот со безбедни и висококвалитетни прехрамбени производи е се позначајно, па токму затоа квалитетот и сигурноста се најважни кога станува збор за компанија која произведува прехранбени производи. Многу е тешко да се стекне довербата на потрошувачите, бидејќи вкусовите се различни и пребирливи, а ние во Фруктал веќе 66 години се обидуваме да ги задоволиме сите вкусови па дури и оние најприбирливите.

Управувањето со квалитет во Фруктал Мак се базира врз системот за управување со квалитет ISO 9001 и системот за управување со безбедност на храната HACCP, додека системот за управување со животната средина ISO 14001 е во процедура. Сите наведени стандарди за квалитет се интегрирани и вклучени во целокупниот процес на производство и маркетинг на производите Фруктал.

ISO 9001:2008 – сертификат за управување со квалитет

sertifikat

Посветеноста кон квалитетот e примарен фокус во Фруктал Мак и е наша основна вредност. Квалитетот во работењето го постигнуваме преку континуирано подобрување на сите деловни процеси (од бизнис план до спроведување и наградување) и преку едукација на сите организациони единици. Како резултат на тоа, на потрошувачите им доставуваме високо квалитетни и безбедни производи со висока додадена вредност, прилагодени кон нивните потреби во однос исхраната и начинот на живот.

HACCP – сертификат за безбедност на храната

sertifikat

Безбедностa на производите е наш приоритет и одговорност. Политиката на безбедност ја водиме во согласност со домашното и европското законодавство, како и според барањата на пазарот и клиентите. Одговорноста за производство на безбедни производи ја темелиме на одговорноста на нашите добавувачи, на почитување на барањата за квалитетно производство и добри хигиенски услови, како и на спроведување на внатрешните контроли воспоставени според HACCP системот.

Со исполнување на барањата на системот HACCP се осигурува безбедност на производите, што е повисока од нивото обврзано со закон бидејќи со системот HACCP загарантирана е можноста за следење во сите сегменти на производство и преработка, од суровина до готов производ. Контролата на суровините и готовиот производ е гаранција дека соковите Фруктал се здрави и безбедни.

Редовно ги следиме најновите научни откритија во врска со факторите за ризик поврзани за безбедноста, со цел тие фактори да ги совладаме.

ISO 14001 – сертификат за животната средина

Согласно определбата на Фруктал Мак за осигурување на сигурна животна и природна околина, во процедура е имплементирање на системот за управување со животната средина.

Интерни контроли

Фруктал Мак интерно ја контролира секоја припремена мешавина на сок, а секоја серија на производство е контролирана во ЈЗУ “Центар за јавно здравје” -Скопје. Интерните микробиолошки нормативи превземени од матичната компанија се во согласност со нормативите на ЕУ и во моментов се поригорозни од важечките во државата.




Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved