Донации
Во Фруктал Мак имаме одговорност кон локалната средина во која работиме. Ние сакаме да бидеме компанија со која ќе се гордее локалната заедница, па затоа социјалната осетливост и давање помош се со години составен дел од деловната политика на Фруктал Мак. Доследни на својата традиција да иницираме и помагаме различни хуманитарни активности, Фруктал Мак главно се определува за активности кои на младите ќе им обезбедат безбедно окружување и здраво растење.
При донесување на одлука за донација или учество во хуманитарни активности на прво место ни се децата и младите, загрозени луѓе, хуманитарни, здравствени, социјални и спортски институции и организации.
Фруктал Мак редовно донира сокови на разни здруженија на студенти за потребите на конференциите, семинарите или студентските патувања кои ги организираат и тоа:
- AIESEC - Интернационална платформа за младите луѓе при “Економски Факултет”, Скопје
- EESTEC - Локален Комитет при “Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии”, Скопје
- EMSA – Европска медицинска студентска организација при “Медицински факултет”, Скопје
- BEST - Борд на Европски студенти по технологија при “Универзитетот Кирил и Методиј”, Скопје
- Здружение на студенти при “Универзитетот Кирил и Методиј”, Скопје
- Студентски парламент при “Економски Факултет”, Скопје.
Исто така веќе со години им помага на разни здравствени установи како и установи за социјална грижа и хуманитарни здруженија:
- Црвен Крст на Град Скопје
- „11 Октомври“ - Домот за деца без родителска грижа
- ”Илинден” – хуманитарно здружение на граѓани и лица со хендикеп
- ”Полио минус” - здружение за лица со телесен инвалидитет
И поддршка на останати манифестации и здруженија:
- Поддршка на детската балетска претстава “Пепелашка” во соработка со Универзална Сала, Скопје
- Поддршка на “Кугларска Федерација на Македонија” во репрезентативниот настап на Светското екипно првенство за сениори и сениорки одржан во Австрија
- Поддршка на манифестација организирана од Сојузот на Извидници на Македонија ”Браќа Миладиновци”, Скопје