ЈАБОЛКО - адут во диетите
Една стара изрека вели, дека со едно јаболко на ден лекар не е потребен! Со само 80 калории и 0 маснотии претставува едно од најздравите овошја.
Јаболкото се користи за намалување на апетитот за време на диети, бидејќи пектинот кој се наоѓа во јаболкото набoбрува во допир со течност и поради тоа во стомакот се создава чувство на ситост. Јаболкото ја задоволува желбата и потребата за благо без притоа да предизвика создавање на масти од шеќерите. Затоа е одлична замена за чоколадото, при што го подигнува расположението а ја намалува раздразливоста.
Јаболкото е здраво за: регулирање на метаболизмот и вишокот на килограми, намалување на проблемите со срцето, бубрезите, отстранување на токсините од човечкиот организам, намалување на крвниот притисок и холестеролот, спречување на артериосклероза. Ензимите во јаболкото помагаат во разградување на целулитот. Со јаболкото се гаси жедта бидејќи содржи висок процент на вода. Придонесува за чиста кожа, ги чисти забите и непцата. Во зимските месеци јаболкото е неизоставен дел во борбата со вирусите, инфекциите, настинките и падот на имунитетот.
ЛИМОН – борец против бактерии
Лимонот и сокот од лимон се најпознати извори на витамин Ц, но лимонот содржи и други лековити состојки. Многумина го сметаат како лек за сите болести. Пред појава на модерната фармакологија, лимонот се користел како лек против бактерии односно за чистење на рани и за прочистување на водата за пиење. Бидејќи ги разградува мастите, се препорачува за време на диети.
Лимонот е здрав за: дезинфекција, детоксикација, имунитет, спречување на настинки, намалување на воспаленија, регулирање на метаболизмот, подобрување на расположението и виталноста.
ПОРТОКАЛ – свежина која подмладува
Портокалот е овошје кое го освежува целиот организам и ги ублажува симптомите за разни болести. Со 70 мг витамин Ц и 40 мг фолна киселина портокалот е едно од најдобрите имонолошки оружја на природата, и затоа лекарите постојано препорачуваат пиење на сок од портокал кога се обидуваме да победиме настинка. Се користи и како средство за разубавување и чистење на кожата.
Портокалот е здрав за: прочистување на уринарните патишта, преработка на мастите, спречување на артериосклероза и висок крвен притисок, намалување на нивото на холестерол во крвта и ризикот од рак, метаболизмот и за подобрување на крвната слика.
ГРЕЈПФРУТ – чувар на имунитетот
Грејпфрутот е овошје кое во голема мера придонесува за здравјето. Еден грејпфрут ги задоволува дневните потреби за витаминот Ц кој е поврзан со имунолошкиот систем, делува превентивно и ги ублажува симптомите на настинка.
Грејпфрутот е здрав за: подобрување на варењето на храната, прочистување на цревата, помага при тешкотии со мочниот меур, намалување на холестеролот и крвниот притисок, заштита од срцеви заболување и рак на простата.
ПРАСКА – многу свежина, мала тежина
Ова сочно овошје содржи само 40 калории и со 87% течност се вбројува во нискокалоричните овошја идеални за диета. Благодарение на бројните минерали и витамини е вистински извор на виталноста.
Праската е здрава за: дигестивниот тракт, прочистување на организмот од отрови, метаболизмот, а може да помогне и при намалување на крвниот притисок и во превенција од разни видови карцином. Сокот од праска е одличен за нега на лицето.
БОРОВИНКИ – за остар вид
Освен тоа што имаат одличен вкус, боровинките се исто така многу моќен антиоксиданс па поради тоа се препорачува нивно консумирање за време на диети и настинки, а нивното редовно консумирање може да ја спречи појавата на карцином.
Боровинките се здрави за: видот и со редовна консумација многу помагаат во подобрување на видот, уништување на бактерии, метаболизмот, уринарни инфекции, циркулација на крвта и за зајакнување на крвните садови.
КАЈСИЈА – за зајакнување на нервниот систем
Нуди моќна инфузија на бета каротен кој телото го претвара во витамин А. Додавање на само една или две кајсии во вашата дневна диета ќе ви овозможи 35% од дневната препорачана количина на витамин А. Помага кај проблемите со кожата особено кај младите во пубертет.
Кајсијата е здрава за: видот, заштита и припрема на кожата за сончање, благотворно делува врз стресот и нервниот систем, помага кај високиот притисок и го олеснува спиењето. Конзумирањето на кајсии помеѓу оброци е многу ефективно за намалување на телесната тежина поради високиот процент на пантотенска киселина која ги разградува масните наслаги.
ЦРНА РИБИЗЛА – притаен помошник на здравјето
Црната рибизла е силен антиоксиданс, има 3-5 пати повеќе витамин Ц од лимонот. Исто така, содржи еден куп минерали кои му се потребни на нашето тело.
Црната рибизла е здрава за:лекување на разни инфекции, проблеми со бубрезите, ја подобрува работата на цревата и го поттикнува излачувањето на штетните материи од крвта, стабилизација на крвниот притисок, подобрување на имунитетот, концентрацијата и помнењето.
ВИШНА – освежителна и здрава
Поради високиот процент на вода (околу 84%) делува многу освежувачки на целиот организам.
Вишната е здрава за: превенција од кардио-васкуларни болести, карцином и артеросклероза, намалување на крвниот притисок, зајакнување на крвните садови посебно на капиларите и лечење од анемија.
ГРОЗЈЕ – за помалку дијабетис
Грозјето поради богатството со витамини, минерали и антиоксиданси кои ги врзуваат слободните радикали во телото и влијаат на предвременото стареење, се смета за природен чувар на младиот изглед, а кожата ја одржува еластична, влажна, свежа и мека.
Црвеното грозје е здраво за: подобрување на крвната слика, намалување на ризикот од срцеви болести, рак и дијабетис, намалување на холестеролот, детоксификација и чистење на организмот и го поттикнува слабеењето. Исто така е многу ефикасен чистач на цревата и помага при работата на бубрезите и црниот дроб. Грозјето е брз извор на енергија, и има силно антивирусно и антибактериско дејство.
ЈАГОДА – неодолив антиоксиданс
Јагодата, покрај неодоливиот вкус и привлечноста со својот изглед и боја кои ја прават да биде едно од најомилените овошја во светот, со богатството од антиоксиданси (7 пати повеќе од јаболкото и бананата) претставува вистински извор на здрава исхрана. Со само 35 калории е едно од најнискокалоричните овошја, па може да влезе во секоја диета. Консумирањето 8-10 јагоди на ден (една шолја) го намалува крвниот притисок, а со тоа и ризикот од срцеви заболувања.
Јагодата е здрава за: имунитетот, намалување на воспаленија, намалување на ризикот од појава на рак, метаболизмот, зацврстување на коските, подобрување на помнењето, за одржување на чистотата на кожата и се ефикасни за избелување на забите.
МАЛИНА – чистач на организмот
Овошје богато со витамин Ц, голем број минерали, влакна и антиоксиданси, добро за прочистување на целиот организам. Содржи големо количество биотин, кој се грижи за поубава кожа, сјајна коса и поцврсти нокти.
Малината е здрава за: намалување на ризикот од канцерогени заболувања, чистење на крвните садови од сите врсти маснотии, прочистување на цревата и тешкотии со бубрезите, ја поттикнува циркулацијата а се користи и за намалување на температура.
КАЛИНКА – најмоќен антиоксиданс
Потекнува од Персија и се вбројува меѓу т.н. видови на супер храна. Бројни истражувања покажуваат дека таа има повисоки нивоа на антиоксиданси од црвеното вино, сокот од грозје и зелениот чај што придонесува за забавување на процесот на стареење и процесите на настанување и ширење на разни болести меѓу кои ракот на дојка и простата.
Калинката е здрава за: намалување на ризикот од појава на болести на срцето и крвните садови, намалување на симптомите од менопауза, го подобрува апетитот и ја регулира работата на желудникот, намалување на холестеролот и помага при згрутчување на крвта (можат да го олеснат протокот на крвта за дури 30%). Сокот може и те како да ја подобри сексуалната потенција, бидејќи ја подобрува циркулацијата на крвта до срцето, но и до половите органи.
БРУСНИЦА – природен антибиотик
Брусницата се смета за природен антибиотик поради огромниот придонес за нашето здравје и благотворното дејство врз многу здравствени проблеми. Најпозната е по спречување на уринарните инфекции.
Брусницата е здрава за: лечење на воспаленија и инфекции, намалување на ризикот од канцерогени болести (рак на дојка и дебело црево), го спречува растот и ширењето на канцерогените клетки низ телото, превенција од кардио-васкуларни заболувања, подобрување на видот и погодна е за дијабетичари бидејќи го намалува шеќерот во крвта. Брусницата е идеална за совладување на уморот и се препорачува како задолжителна во исхраната кај особи изложени на стрес.
БАНАНА – храна за енергија
Бананата е овошје број еден кај врвните светски спортисти бидејќи многу брзо ја подига енергијата. Само 2 банани дневно обезбедуваат доволно енергија за 90-минутен тренинг.
Бананата е здрава за: нормализација на крвниот притисок, подобрување на работата на срцето и смирување на нервниот систем, анемија, депресија, концентрација, мамурлук, стрес, подобрување на расположението и опуштање. Јадењето на банана како составен дел од вашата прехрана, може да го намали ризокот од смрт од мозочен удар за дури 40%!
Се препорачува консумирање на една банана за појадок и една по вечера за да бидете здрави и полни со енергија.
АНАНАС – кралско овошје
Името му доаѓа од индискиот збор “анана” што значи одлично овошје. И покрај сиромашниот нутриционистички состав, ананасот има одлични лековити својства познати со векови во народната медицина.
Ананасот е здрав за: метаболизмот, намалување на воспаленија и отоци, синуси, болки во грлото, артритис, срцеви болести поврзани со дијабетис, проблеми со вртоглавица и висок притисок, го забрзува заздравувањето на раните после повреди и операции, одржување на цврстината на коските, намалување на телесната тежина, регенарација на кожата.
МАНГО – најстарото овошје
Мангото се смета за најстаро овошје. Тропско овошје богато со антиоксиданси, витамин А и витамин Ц, одлично за вашето здравје и во борбата против настинките и сезонските вируси.
Мангото е здраво за: метаболизмот, подобра циркулација, превенција и стопирање на растот на некои станици на рак.
МАРАКУЈА – плод од врвот на светот
Ова овошје со сладок вкус и одличен мирис потекнува од Колумбија и исклучително е здраво поради богатата содржина на витамин Ц, калциум и железо. Поради богатството од хидратантни и освежителни состојки, маракујата се користи и во козметиката.
Маракујата е здрава за: имунитетот, крвната слика и нервниот систем.