28.11.2011
Извршена ресертификација на ISO 9001: 2008
На 4 Октомври 2011 од страна на SGS извршена е ресертификација на системот за управувањето со квалитет ISO 9001: 2008, со што повторно се потврди дека соковите Фруцтал произведени во Македонија се квалитетни и безбедни.
Посветеноста кон квалитетот e примарен фокус во Фруктал Мак и е наша основна вредност. Квалитетот во работењето го постигнуваме преку континуирано подобрување на сите деловни процеси (од бизнис план до спроведување и наградување) и преку едукација на сите организациони единици. Како резултат на тоа, на потрошувачите им доставуваме високо квалитетни и безбедни производи со
висока додадена вредност, прилагодени кон нивните потреби во однос исхраната и начинот на живот.