home

Новости

Фруктал ги поддржа младите претприемачи
28.11.2011

Фруктал ги поддржа младите претприемачи

Од 14-20 Ноември во рамките на светското движење на претприемачи во светот, во Македонија по 4-ти пат се одржа Глобалната недела на претприемништвото. Фруктал Мак како еден од спонзорите го поддржа настанот со донација на сокови за сите учесници на овој настан.

Глобалната недела на претприемништвото е светско движење на претприемачи, на која милиони луѓе ги ослободуваат своите претприемнички таленти и ги претвараат своите идеи во реалност. Глобалната недела на претприемништво е најголемиот светски настан за промоција на претприемништвото помеѓу младите луѓе. Во текот на една недела, од 14-20 ноември 2011, милиони луѓе ќе учествуваат во настаните организирани од илјадници организатори во стотици градови во светот. Целта е да се создаде новата генерација на претприемачи во светски рамки, со тоа што ќе се инспирираат младите преку активности во своите училници, работни средини и на интернет.

Во 2008, кога Глобалната недела на претприемништво беше организирана за прв пат, тоа беше најголемиот настан поврзан со претприемништвото некогаш организиран во Македонија. 70 настани, во 10 градови, за само една недела, направија Македонија да биде дел од семејството составено од 75 земји во светот, организатори на Глобалната недела на претприемништво. Во 2009 година, Глобалната недела на претприемништво го зголеми бројот на настани и да донесе успешни лица од бизнис секторот од Македонија и странство, со што допре до голем број на луѓе и успеа да привлече преку 10.000 посетители, промовирајќи се како еден од најуспешните настани одржани во Македонија.


Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved