10.10.2011
Фруктал и оваа сезона ги поддржува младите кошаркари од ЈУНИОР
На 12 Ноември 2011 стартуваше уште една сезона од најпознатата лига во државава за млади кошаркари, “Монте-Јуниор минибаскет лигата“, каде официјален пијалок на лигата е Фруктал. Како и секоја година, СЦ “Јуниор Охридска банка“ повторно беше омилено место на сите оние кои се љубители на мајсториите на најмладите баскетџии.
Фруктал веќе 8 години е партнер со школата за минибаскет ЈУНИОР и официјален пијалак на “Монте-Јуниор минибаскет лигата“. Целта на оваа соработка е преку промовирање на кошарката во Македонија што повеќе деца и млади луѓе да се занимаваат со спорт, меѓусебно да другаруваат и да израснат во здрави и квалитетни личности.