home

Новости

Кошаркарскиот клуб “Фруктал-Јуниор“ ја отвара новата сезона од настапите во Втората лига
10.10.2011

Кошаркарскиот клуб “Фруктал-Јуниор“ ја отвара новата сезона од настапите во Втората лига

По минатогодишниот успех, поточно освоеното трето место во Втората машка лига како дебитант, КК “Фруктал-Јуниор“ веќе утре во Штип ќе ја пишува новата историска клупска страница кога станува збор ова натпреварување. Амбициите на клубот и понатаму остануваат исти. Со млади сили да се бориме за поголем успех и тоа против екипи кои веќе долго време “уживаат“ во оваа лига. Во новите предизвици клубот влегува со релативно изменет состав но на “кормилото“ останува Саша Димитријевиќ.

Фруктал веќе втора година е спонзор на Кошаркарскиот клуб Фруктал Јуниор (на сениорскиот тим кој настапува во втората кошаркарска лига на РМ), а 4-та година на младинските селекции.


Copyright © FRUCTAL MAK. All rights reserved